Тренерот на Интер, Антонио Конте не се откажува од намерата да го донесе Оливие Жиру во своите редови.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Договотот на Жиру со Челзи завршува на крајот на сезоната, а тој самиот призна дека е спремен да го напушти клубот во јануари.
Французинот не е задоволен од својот статус во Челзи, а најсилен интерес за него покажува Интер.
Конте е во потрага по напаѓач кој ќе биде алтернатива за Лукаку, а Жиру е првата желба и најреална опција за засилување во јануари.
Доколку не успеат да го реализираат трансферот на Жиру, тогаш „нероаѕурите“ ќе се насочат кон Милик.