Дома Топ вести Интер и Арсенал спремаат голема трампа

Интер и Арсенал спремаат голема трампа

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер и Арсенал спремаат голема трампа во јануарскиот преоден рок.

Ериксен не е задоволен од минутажата која ја има на „Џузепе Меаца“ и затоа планира да ја промени клупската средина за време на зимскиот преоден рок.

Медиумите на Островот тврдат дека Арсенал покажува сериозен интерес за данскиот плејмејкер и веќе стапил во контакт со неговиот агент.

Интер ќе се обиде да ја искористи ситуацијата и да дојде до потписот на Гранит Џака, кој е голема желба на Антонио Конте.

„Нероаѕурите“ им понудиле трампа на „топџиите“, а медиумите на Островот се оптимисти дека таа може да се реализира во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…