Раководството на Интер го чека одговорот од Иван Перишиќ на најновата понуда, но последните информации се дека Хрватот ќе ја одбие.




Договорот на Перишиќ со Интер завршува следниот месец, а Хрватот ја одби првата понуда од „нероаѕурите“ за продолжување на соработката.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Интер сака да го задржи, па му понуди подобар договор, односно 5 милиони евра во наредните две години и сега се чека конечниот одговор од Перишиќ.




Новинарот Матео Морети тврди дека Перишиќ ќе ја одбие понудата бидејќи има побогати понуди од Тотенхем и Јувентус и дека сигурно ќе го напушти Интер ова лето.