Дома Фудбал Интер го задржува Лаутаро со двојно поголема плата

Интер го задржува Лаутаро со двојно поголема плата

Раководството на Интер се надева дека ќе го задржи Лаутаро Мартинез и има намера да му понуди нов, побогат договор, пренесуваат италијанските медиуми.

Аргентинецот е примарна цел на Барселона и долго време се шпекулира со неговиот трансфер на „Камп Ноу“, а наводно и самиот фудбалер посакува да го облече дресот на Барса.

Лаутаро во својот договор има откупна клаузула од 111 милиони евра, но од Интер се надеваат дека напаѓачот ќе стави потпис на нов договор и се спремни да му понудат двојно поголема плата.

Интер му нуди договор до 2024 година со плата од 6 милиони евра по сезона, притоа сака во новиот договор да биде исклучена откупната клаузула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси е на 936 гола, а неговиот тренер е убеден: Ќе стигне до 1.000!

На Лионел Меси му недостигаат уште 64 гола до неверојатната граница. Кристијан Гонзалес ве…