„Скај Италија“ пренесува дека од редовите на Интер и дефинитивно ќе тргнат по услугите на играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ.
Стратегот на Интер, Антонио Конте притиска за доаѓање на Србинот на „Џузепе Меаца“ уште во јануарскиот преоден рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
31 годишниот Матиќ го изгуби местото во стартниот тим по одличните партии на Скот Мектомини и досега има само пет настапи во дресот на „ѓаволите“.
Интер во летниот преоден рок веќе донесе двајца фудбалери од Манчестер Јунајтед во имињата на Ромелу Лукаку и Алексис Санчез.