Дома Фудбал Останато Иниеста ја обвини Барселона: Таквиот однос е нечовечки и знае да боли многу

Иниеста ја обвини Барселона: Таквиот однос е нечовечки и знае да боли многу

Во последните 48 часа отворено се зборува дека Барселона е во потрага по нов тренер иако Ернесто Валверде се уште е на клупата како прв стратег на Каталонците.

Првата мета на Барселона беше Чави, меѓутоа играчката легенда на Барселона одби сега да ја менува средината тој би можел да преговара во јуни, подоцна стигна информација и дека Барса ја одбил и Роналд Куман. Потрагата по нов тренер на Валверде јасно му става до знаење дека е непосакуван.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Таквиот однос на луѓето во Барселона не му се допадна на Андрес Иниеста која јавно ја критикуваше управата на Барселона.

„Начинот на кој клубот поставува е грд и непристоен. Актуелниот тренер мора да се почитува, ситуацијата со Валверде е специфична и знае да боли. Се надевам дека брзо ќе се реши се затоа што таквата ситуација не е добра за никого (играчите, тренерот, навивачите)“, изјави Иниеста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Откриено кои великани ги одби Ван Дајк чекајќи ја одлуката на Ливерпул

Ливерпул вчера официјално потврди дека Вирџил ван Дајк останува на Енфилд и дека го продол…