Дома Фудбал Импресионираше на ЕП, Барселона поради него зема нов кредит

Импресионираше на ЕП, Барселона поради него зема нов кредит

НИКО ВИЛИАМС, крилниот напаѓач на Атлетик кој импресионираше со настапите за шпанската репрезентација на Европското првенство, наскоро би можел да се пресели во Барселона.

Не е тајна дека каталонскиот клуб го сака 22-годишникот за кој прогнозираат дека ќе има одлична фудбалска иднина, исто како што не е тајна дека клубот има финансиски проблеми што му отежнуваат да се натпреварува со најбогатите во овој преоден рок.


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Вилијамс беше стандарден член на првиот тим на Шпанија на левата крилна позиција. За новите шампиони на Европа настапи на сите натпревари, освен на натпреварот против Албанија во групната фаза. Заедно со една асистенција, тој постигна и два гола, вклучително и против Англија во финалето на турнирот.

Клаузулата во неговиот договор му дозволува предвреме да го напушти Атлетик доколку има купувач подготвен да издвои 58 милиони евра. Има повеќе заинтересирани, па се споменуваат Арсенал и Челзи, но во случај на трансфер Вилијамс повеќе би сакал да остане во Шпанија отколку да замине во странство.

Барселона и во ова ја гледа својата шанса и затоа тргна по нова позајмица. Неодамна клубот подигна позајмица од 100 милиони евра за да може во наредниот период да ги подмири сметките.

Вилијамс е под договор до крајот на сезоната 2026/27, а Tрансфермаркт го цени на 70 милиони евра. Во последната сезона за Атлетик одигра вкупно 37 натпревари. Имаше учинок од осум гола и 19 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи го освои и „Сан Сиро“

Наполи запиша голема победа на гостувањето кај Милан 0:2 и се зацврсти на првата позиција …