Дома Фудбал Италија Икарди доби нов договор: Ќе биде еден од најплатените во Серија А

Икарди доби нов договор: Ќе биде еден од најплатените во Серија А

За Мауро Икарди ова лето пристигнаа многу богати понуди, но Интер ги одби, а денес стигна потврда дека напаѓачот ќе стави потпис на нов договор до 2021 година.

Капитенот на Интер игра одлично и оваа сезона, па „нероаѕурите“ мораа да ги задоволат неговите барања и да му понудат нов, многу побогат договор.


Време е за фудбалска класика: Шпанија - Италија! ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека е постигнат договор кој ќе биде потпишан утре на свечена конференција во Милано.

Според новиот договор Икарди ќе заработува 5,5 милиони евра (плус бонуси) по сезона и ќе стане најплатениот играч на „нероаѕурите“, а ќе се обврзи на верност до 2021 година.

Притоа, во неговиот договор ќе стои откупна клаузула од 110 милиони евра, но таа ќе важи исклучиво за клубовите надвод од Серија А. Со тоа Интер се заштити од конкурентските клубови, па никој италијански клуб нема да може да ја активира оваа клаузула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Италија си даде автогол, Шпанија во осминафинале🎥

Шпанија го доби дербито против Италија со 1:0 и тоа со автогол и го обезбеди првото место …