Дома Трансфер зона Икарди во сензационален трансфер се враќа во Италија?

Икарди во сензационален трансфер се враќа во Италија?

Нajпознатата фудбалска менаџерка Ванда Нара на својот Инстаграм објави фотографија за која италијанските медиуми заклучија дека може да го открие новиот клуб на Мауро Икарди.

Ванда е негова сопруга и менаџер, а фотографијата е направена во Турција каде Икарди игра за Галатасарај, пред да снимат заедно реклама. Она што го поттикна интересот во јавноста е тренерката што ја носи менаџерката.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фотографијата го открива логото на Јувентус, а тоа беше доволно да ги подгрее гласините за можниот следен клуб на Икарди. Аргентинскиот фудбалер најголемиот дел од кариерата го одигра во Италија..

Икарди со 18 гола е втор стрелец во Турција, со гол помалку од Един Џеко од Фенербахче. Вкупно постигна 47 гола на 65 натпревари и додаде 19 асистенции за Галатасарај, со која е под договор до летото 2026 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Три европски гиганти се борат за потписот на Олмо

Манчестер Јунајтед, Барселона и Баерн Минхен на лето ќе водат голема битка за ѕвездата на …