Дома Трансфер зона Изненадување: Торес се враќа во Премиер лигата

Изненадување: Торес се враќа во Премиер лигата

0

Фернандо Торес во јануари најверојатно ќе го напушти Атлетико Мадрид. Има понуди од Кина и МЛС лигата, но Шпанецот не сака да ја напушти Европа.

Торес оваа сезона не добива голема минутажа, а просторот за игра додатно ќе се намали откако ќе заигра Диего Коста, па „Ел Нињо“ сериозно размислува за промена на средината.

На големо изненадување шпанските медиуми тврдат дека Торес може да се врати во Премиер лигата каде за него се заинтересирани два клуба. Првата опција е Њукасл каде го чека Рафа Бенитез кој смета дека Шпанецот се уште може да биде од корист.

Втората опција е Саутемптон кој исто така е во потрага по напаѓач, па смета дека Торес би бил идеално засилување.

Шпанските медиуми тврдат дека Торес планира да игра до 2019 година, па може да се пресели оваа зима во Англија, а на крајот на наредната сезона повторно да се врати во Атлетико, овој пат како функционер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Трансфер зона

Проверете

Распродажба во Барса, овие петмина мораат да заминат – Погледнете ги бројките и СЕ ќе ви стане јасно!

Проценките се јасно изнесени, клубот вака едноставно не може да функционира… Барсело…