Дома Трансфер зона Изненадување: Одегард може во Серија А?

Изненадување: Одегард може во Серија А?

Мартин Одегард во Реал Мадрид пристигна пред пет години од норвешкиот Стромгест како голема надеж на европскиот фудбал.

Реал за него плати четири милиони евра и се очекуваше Одегард да биде голема ѕвезда на „краелвите“. Меѓутоа Норвежанецот се уште не добил вистинска прилика на „Бернабеу“ и засега оди само на позајмици.

Во овој момент тој е на позајмица во Реал Сосиедад до крајот на сезоната и му оди навистина добро. Одегард за Сосиедад одигра 18 натпревари и успеа да постигне седум голови и да додаде осум асистенции.

Секако веднаш почна да се зборува дека Одегард заслужува место во Реал, а наводно Зидан е спремен да му пружи шанса. Сепак, јасно е дека не може да му гарантира место во првиот тим и поради тоа медиумите пишуваат дека Норвежанецот размислува.

Како што пишува „Марка“ Одегард би можел и наредната сезона да ја помине на позајмица, па потоа да му се посвети на Реал Мадрид. Интерес за него покажааа неколку клубови, но изгледа најмногу „загризал“ Милан.

„Тутоспорт“ објави дека „росонерите“ сакаат да го доведат на позајмица за наредната сезона со опција да го откупат неговиот договор за 40 милиони евра. Меѓутоа плановите на Реал се уште не се познати и ќе видиме дали се спремни да се откажат од фудбалерот кој многу ветуваше.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Кулибали побара трансфер од Наполи

Италијанските медиуми пренесуваат дека дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали го известил…