Дома Топ вести Изненадување: Мустафи се договори со Барселона

Изненадување: Мустафи се договори со Барселона

Тренерот на Барселона, Роналд Куман сака по секоја цена да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, пренесува „Мундо Депортиво“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најновите информации се дека Барселона ќе се засили со дефанзивецот на Арсенал, Шкодран Мустафи.

Мустафи не е во плановите на Артета и оваа сезона одигра само 8 меча, а на лето му завршува договорот.

Неговиот агент, Емре Оштрук денес пристигна во Барселона да ги договори последните детали со Каталонците.

„Пристигнав во Барселона во врска со преговорите за Мустафи. Ќе се обидеме да го компетираме договорот, тоа е се што можам дакажам“, изјави агентот.

28-годишниот германски репрезентативец има искуство во Примера каде со успех го носеше дресот на Валенсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…