Дома Трансфер зона Изненадување: Ливерпул тргнува по Мустафи

Изненадување: Ливерпул тргнува по Мустафи

Англиските медиуми пренесуваат дека Ливерпул може да го донесе дефанзивецот на Арсенал, Шкодран Мустафи.

Ливерпул е во незавидна позиција затоа што ниту еден од стандардните централни дефанзивци нема да бидат на располагање подолг период. На рехабилитација веќе подолго време се Ван Дајк и Гомез, а против Тотенхем повредата ја обнови Матип.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Исто така пред дуелот со тимот на Мурињо на повреда се пожали Бразилецот Фабињо кој поради ситуацијата играше во одбраната.

Клоп јавно призна дека бара евтин дефанзивец, а тоа може да биде Шкодран Мустафи, кој е пред раскинување на договорот со Арсенал.

Мустафи не влегува во плановите на Артета и Арсенал му нуди раскинување на договорот, па Ливерпул може да го донесе без обештетување.

„Црвените“ му нудат договор до крајот на сезоната со опција за продолжување на уште една сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи тргнува по ѕвездата на Барселона

Челзи ќе се вклучи во битката за дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо, пренесуваат кат…