Дома Фудбал Останато Изненадување: Атлетико за наследник на Симеоне избрал целосна спротивност на Аргентинецот?!

Изненадување: Атлетико за наследник на Симеоне избрал целосна спротивност на Аргентинецот?!

По повеќе од една деценија во најголем дел успешна соработка, Атлетико Мадрид и Диего Симеоне изгледа дека се се поблиску до разделба.

Сезонава „Јорганџиите“ испаднаа во групната фаза од Лигата на шампионите, а моментално се на третото место во шпанската Примера, но не се во борба за шампионската титула, бидејќи имаат дури 17 бодови помалку. отколку лидерот Барселона.


Германија гази и најавува битка за титула! ↓↓↓


Се чини дека има заситеност, а со месеци се споменуваше дека Симеоне, чиј договор истекува летото 2024 година, би можел да го напушти Атлетико на крајот од сезоната.

Италијанскиот „Тутоспорт“ денеска ексклузивно пренесува дека клубот од Мадрид го избрал наследникот на Симеоне, а тоа бил Џампиеро Гасперини од Аталанта. Гасперини е творецот на модерната Аталанта која со офанзивен стил на игра се наметна во врвот на италијанскиот фудбал неколку сезони.

Интересно е што Гасперини е целосна спротивност од Симеоне кога во прашање е стилот на игра.

Ако навистина дојде до ваква промена тогаш веројатно треба да очекуваме и големи промени во играчкиот кадар на Атлетико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Драма каква што не се памети: Ваква ситуација никогаш претходно немало на ЕП

По победата на Белгија над Романија, се случи ситуација каква што досега не сме виделе во …