Дома Трансфер зона Играчот за кој Манчестер Сити плати 32 милиони евра денес направи трансфер во Саудиска Арабија

Играчот за кој Манчестер Сити плати 32 милиони евра денес направи трансфер во Саудиска Арабија

Кога после одличната сезона во Свонси Манчестер Сити плати 32 милиони евра за Вилфред Бони сите имаа големи очекувања од овој напаѓа, меѓутоа Бони очекувањата не ги исполни.

Откако шест месеци беше без клуб Бони денес потпиша договор со Ал Итихад од Саудиска Арабија. Со овој клуб тој стави потпис на договор со важност до 2022 година.

Бони во Саудиска Арабија после шест месечна пауза од фудбалот бидејќи не можеше да пронајде клуб. Во Европа Бони пристигна од Спарта Прага за 2007 година, потоа следуваше трансфер во Витесе. После две успешни сезони Свонси за него плати 16 милиони евра и во сезоната 2013/2014 постигна 17 голови на 33 натпревари.

Тој негов учинок беше доволна препорка за Манчестер Сити кој го купи за 32 милиони евра. Во Сити не се снајде, следуваше позајмица во Стоук и таму не му одеше, никако не успеваше да ја врати формата. После две години се врати во Свонси, но тоа не беше стариот Бони постигна само два гола и одигра уште 15 натпревари за „лебедите“.

Имаше една неуспешна сезона, а потоа се пресели во Катар во  Ал Арабија каде што постигна пет гола на седум настапи, меѓутоа овој клуб не го откупи неговиот договор. Се врати во Англија и го раскина договорот со Свонси. Последниот официјален натпревар го одигра во јули минатата година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Астон Вила доведе големо засилување од 45 милиони евра

Завршен е првиот трансфер на звучно име во англиската Премиер лига за следната сезона. Бра…