Дома Фудбал Ибра во свој стил го прокоментира голот на годината, што ќе каже Салах?

Ибра во свој стил го прокоментира голот на годината, што ќе каже Салах?

Легендарниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ е еден од авторите на најубавите голови во историјата на фудбалот.

Меѓутоа, оваа година ниту еден негов погодок не беше во тесен избор за наградата, иако два или три можеа да се најдат тука.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таа причина, за Ибрахимовиќ наградата за гол на годината не беше интересна, но сепак одговори на прашањето што мисли за победничкиот погодок на Салах, кој предизвика многу коментари.

„Дали тоа беше најубавиот погодок? Не, најубав беше на Роналдо.“ – изјави Ибра, кој потоа во свој стил додаде:

„Не ги гледав останатите голови кои беа кандидати за оваа награда. Немаше мој гол, па затоа не ме интересираше. Мојот погодок против Лос Анџелес требаше да биде тука, можеби и овој 500. во кариерата. Ќе видиме, можеби ќе бидам конкурент следната година.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Суперкомпјутерот го пресмета новиот шампион во Премиер лигата

Иако преодниот рок се уште е отворен и има уште време до почетокот на Премиер лигата, супе…