Дома Трансфер зона Ибрахимовиќ добива понуда од друг клуб од Серија А?

Ибрахимовиќ добива понуда од друг клуб од Серија А?

Златан Ибрахимовиќ и на 41 година се уште не размислува за пензија.

Договорот со Милан на Ибрахимовиќ му истекува во јуни и според последните најави, „росонерите“ нема да му понудат продолжување на соработката. Сепак, Швеѓанецот наводно добил понуда од друг клуб од Италија.


Време е за фудбалска класика: Шпанија - Италија! ↓↓↓


мено, Монца го сака Ибра, Адријано Галијани се надева дека ќе го убеди да потпише договор со тимот кој оваа сезона првпат е во елитата и релативно лесно ќе избори опстанок.

Монца како што е познато е во рацете на Берлускони, кој за нешто повеќе од три години ги донесе од третата лига во Серија А.

Ибра следниот октомври ќе наполни 42 години, долго време беше повреден, се уште игра, иако се шпекулира дека Милан ќе му понуди една од менаџерските позиции. Тој имаше добар однос со Галијани, но му замери кога пред повеќе од десет години беше продаден на Пари Сен Жермен. Сепак, подоцна двајцата ги решија недоразбирањата и сега повторно се е во ред.

Монца изгледа како добра опција за Ибрахимовиќ затоа што така би останал во Италија што е негова желба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Алонсо во „пакет“ со Виртц доаѓа во Реал следното лето

Младиот фудбалер на Баер Леверкузен Флоријан Виртц е голема желба на Реал Мадрид, пишуваат…