Дома Фудбал Останато Зошто Весли Снајдер во 2010 не ја освои Златната топка?

Зошто Весли Снајдер во 2010 не ја освои Златната топка?

На Жозе Мурињо и понатаму не му е јасно како Весли Снајдер не ја освоил Златната топка во 2010 година.

Холанѓанецот беше еден од најдобрите играчи на Интер со кој освои тројна круна, а со националниот тим беше светски вицешампион. Исто така Португалецот не се помирил со тоа што и останатите негови играчи од тој тим не поминаа добро кога се индивидуалните награди во прашање.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


„Чудно ми е што Самуел Ето во текот на неговата кариера не ја освои Златната топка. Вес таа година беше неверојатен, тројна круна и финале на Светското првенство. Дојдовме на свеченоста, а никој од моите момци не беше ниту во топ 3. Единствено неколкумина беа во идеалните 11 на своите позиции“, изјави Мурињо.

Таа година Златната топка ја освои Лео Меси пред соиграчите Чави и Иниеста, а Снајдер заврши на четвртата позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Хакан Чалханоглу останува во Интер, пресече претседателот

Претседателот на Интер, Џузепе Марота, стави крај на шпекулациите околу можниот трансфер н…