Дома Трансфер зона Зошто Баерн ги следи преговорите помеѓу Барса и ПСЖ за Нејмар?

Зошто Баерн ги следи преговорите помеѓу Барса и ПСЖ за Нејмар?

0

Барселона и ПСЖ денес во Париз имаат состанок на кој ќе се обидат да го договорат трансферот на Нејмар.

Нејмар пред две години пристигна во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра, но се покаја што го напушти каталонскиот клуб. Бразилецот сега сака да се врати во Барселона, но ПСЖ сигурно нема толку лесно да го пушти.

Шпанските медиуми утрово објавија дека претставници на Барселона на чело со Ерик Абидал отпатувал во Париз каде што денес имаат состанок со директорот на ПСЖ, Леонардо.

Барса е спремна да го понуди Кутињо или Осман Дембеле и најмногу 100 милиони евра во замена за Нејмар. Се очекува ПСЖ да се согласи на таа понуда бидејќи и нив им важно да замине Нејмар кој стана непожелен во Париз.

Состанокот во Париз го следи и управата на Баерн. Имено, Баерн пред почетокот на сезоната сака да доведе некое звучно засилување со кое би ги смириле незадоволните навивачи.

Баерн покажа интерес за Кутињо и доколку Бразилецот не заврши во Париз клубот од Минхен ќе се обиде да го доведе.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Најдобрите 11 кои ова лето пристигнаа во Серија А (ФОТО)

Кон крајот на минатиот и почетокот на овој милениум во Италија играа најдобрите фудбалери …