Обложувалниците во Велика Британија значително го намалија коефициентот за Жозе Мурињо да биде нов тренер на сините, па „Специјалниот“ сега е трет фаворит за жешката клупа на лондонскиот клуб.
Пред Мурињо повеќе шанси се даваат на стратегот на Лестер, Енцо Марсека и стратегот на Ипсвич, Рајан Мекена. Двајцата стратези сезонава успеаа да се пласираат со своите екипи во Премиер лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„За нешто повеќе од половина час добивме многу облози дека Мурињо повторно ќе биде тренер на Челзи, без разлика на најавите дека раководството на клубот преферира помлад тренер“, изјави претставник на обложувалница во Англија.
Дали ова е знак дека „каде има чад има и оган“, тешко е да се погоди, но нема сомнеж дека доведувањето на 61-годишниот Мурињо би бил интересен и веројатно доста популарен потег меѓу навивачите на Челзи. кои претхоодно го гледаа Мурињо на клупата на „сините“ во два мандати од 2004 до 2007 и од 2013 до 2015 година.