Утрово се појави вест за заминување на Иско од Реал Мадрид, но сега пристигнуваат поинакви информации – Зидан го блокирал трансферот.
Иско не добива голема минутажа кај Зидан и скоро и да не игра. Сепак според последните информации Зидан решил да го задржи барем во јануари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ваквата одлука на Зидан како што пишуваат Шпанците е разочарување за Иско затоа што и на него му е јасно дека до крајот на сезоната нема да има преголема минутажа, а со тоа драстично му се намалени шансите да биде во форма за Европското првенство наредното лето.
Последен клуб со кој се поврзуваше Иско беше Севиља.