Дома Фудбал Зидан: Победивме тим кој 26 натпревари не знаеше за пораз

Зидан: Победивме тим кој 26 натпревари не знаеше за пораз

Реал Мадрид вчера го победи Атлетико во градското дерби, а после победата Зинедин Зидан истакна големо задоволство и им честита на своите фудбалери.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Кралевите“ кога беше најпотребно повторно одиграа еден добар натпревар и дојдоа до победата.

„Одигравме добар меч и славевме против тим кој немаше пораз цели 26 натпревари. Презадоволен сум и им честитам на играчите. Игравме висок пресинг и така им направивме проблеми. Не им дозволивме да развијат игра. Среќен сум поради играта и победата“, изјави Зидан.

Во Ла Лига после 12 одиграни кола Реал е трет со 23 бода, три помалку од Атлетико кој има и натпревар повеќе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалерите и ракометарите на Вардар заеднички ќе ги слават титулите!

По завршувањето на саботниот дуел меѓу ФК Вардар и ФК Шкендија, „црвено-црните“ ќе ја стар…