Тренерите на двата најголеми шпански клуба Реал Мадрид и Барселона – Зинедин Зидан и Кике Сетиен ќе останат на клупата и следната сезона тврдат шпанските медиуми.
Весникот „АС“ на својата насловна страна публикуваше слика на Зидан и тврди дека Французинот ќе продолжи на клупата на „кралевите“ без разлика како ќе заврши оваа сезона.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Весникот тврди дека Зидан и раководството на клубот веќе ја планираат следната сезона како и евентуалните засилувања во текот на летото.

Од друга страна пак каталонскииот весник „Спорт“ исто така објави слика од Сетиен на насловна и тврди дека тренерот ќе остане на Камп Ноу и следната сезона.
Изданието ги потенцираше проблемите на тренерот со кој се соочил после неговото доаѓање, но е малку веројатно раководството да направи тренерска смена, без разлика како ќе заврши сезоната.
