Дома Фудбал Зидан за поразот не се „вади“ на ВАР и пеналите: Јас сум виновен

Зидан за поразот не се „вади“ на ВАР и пеналите: Јас сум виновен

Реал Мадрид вчера беше поразен од Валенсија со високи 4:1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Кралевите“ први стигнаа до водство, а потоа доживеаа вистински потоп. Интересно во овој дуел е што Валенсија дури три гола постигна од пенал, сите беа дело на Карлос Солер.

После поразот тренерот на Реал Зинедин Зидан не сакаше да се „вади“ на ВАР и пеналите и за поразот се обвини самиот себе.

„Нема оправдување за ова. После првиот гол се распаднавме. Не сакам да зборувам за ВАР и судењето, јас сум виновен за поразот затоа што не пронајдов подобри решенија во играта“, изјави Зидан.

Зидан веќе некое време е мета на критики кои барем малку се намалија откако Французинот ја победи Барселона во „Ел Класико“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанија аплицираше за титулата со победа над Австрија

Репрезентациите на Шпанија и Австрија завршија со резултат 3:0 во Инглвуд, Калифорнија, во…