Дома Фудбал Зидан до Роналдо: Слушај ме и ќе ти ја продолжам кариерата!

Зидан до Роналдо: Слушај ме и ќе ти ја продолжам кариерата!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан изградил одлични односи со првата ѕвезда Кристиано Роналдо, открива „Екип“.

Весникот открива дека на стартот на подготовките во 2016 година, кога Роналдо ја лекуваше повредата здобиена на Европското првенство, Зизу имал разговор со Португалецот.

„Ако ме слушаш, ако се согласуваш да одмараш од време на време и да пропушташ некои натпревари, ако ми веруваш, јас ќе успеам да ти ја продолжам кариерата за неколку години“, му рекол Французинот на Роналдо.

Тогаш Кристиано имаше 31 година, а статистиката покажа дека Зидан правило го советувал. Освојувачот на „Златна топка“ покажа одлична форма во крајот наминатата сезона, кога постигна 16 гола на последните 10 меча.

Во моментов Роналдо ја има истата тенденција. После слабото отварање на сезоната, на последните 11 меча постигна 21 гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…