Дома Македонски спорт Заслужено: Миовски во тимот на колото во Шкотска со втора најдобра оценка!

Заслужено: Миовски во тимот на колото во Шкотска со втора најдобра оценка!

Репрезентативецот на Македонија игра одлично во дресот на Абердин и за викендот постигна два гола со кои дојде до бројката од 14 оваа сезона во шкотската Премиер лига.

Миовски постигна два погодоци во пет минути и така ја обезбеди првата победа за шкотскиот премиерлигаш против Мадервил од 3:1. Со таквиот настап доби оценка од 8.38.

Македонецот имаше половична ефикасност и двата гола ги постигна од четирите директни удари кон противничкиот гол. Подобра оценка од Миовски во тимот на колото имаше само Стефен Кели од Ливингстон кој беше прогласен и за играч на колото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

ФИФА ја нападна УЕФА!

FIFA ја обвини UEFA дека спроведува кампања на дезинформации и се обидува да влијае на пре…