Дома Видео Зарем ова е можно? Големо промашување на Ибра

Зарем ова е можно? Големо промашување на Ибра

Во рамките на 21. коло во Серија А својот натпревар го одиграа Бреша и Милан.

Нападот во овој натпревар го предводеше Златан Ибрахимовиќ, кој во 40 минута имаше одлична шанса да го постигне вториот погодок во низа, но на крајот го направи едно од најголемите промашувања во кариерата.

Ибра доби одлична топка од Тео Ернандез, но од само неколку метри шутираше покрај голот.

На крајот, Милан ја совлада Бреша со 1:0, а стрелец на единствениот погодок беше Анте Ребиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Милан блесна во Салцбург: Сисе со хет-трик за прва победа во Лига Европа

„Росонерите“ убедливо славеа со 4-0 на гостувањето кај Салцбург, а 19-годишниот Сисе беше …