Емилијано Сала трагично го загуби животот во падот на авионот во водите на англискиот канал, а навивачите на Нант на разни начини му оддаваа почит на Аргентинецот.
Меѓутоа транспарентот кој се појави на натпреварот на овој клуб и оддавањето почит на Сала скапо го чинеше овој тим бидејќи Лига 1 жестоко ги казни.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Причината за казнување биле пиротехничките материјали запалени во чест на Аргентинецот. Таквиот потег на навивачите им засмета на луѓето во Лига 1 и го казнија клубот со нешто повеќе од 20.000 евра.
Нешто повеќе од 20.000 евра е казната за натпреварот против Сент Етјен одигран на 30-ти јануари. Тоа беше првиот натпревар откако Сала изчезна, додека остатокот од казната е доделен за употребата на пиротехнички материјали во натпреварот против Ним.
Навистина неверојатен потег на раководството на Лига 1 бидејќи не стануваше збор за никакво насилно однесување на трибините, туку само оддавање почит на фудбалерот кој трагично го загуби својот живот.
Ќе потсетиме Емилијано Сала исчезна на 21-ви јануари кога тргна за Кардиф откако претходно се врати во Нант за да се поздрави со поранешните соиграчи. Авионот со кој патуваше падна во англискиот канал, а неговото тело беше пронајдено на 6-ти февруари на длабочина од 67 метри.
Десет дена подоцна Сала беше погребан во Аргентина, но Нант никогаш нема да го заборави.