Дома Фудбал Англија Жерар Делофеу – Човекот кој Барса го „отпиша“ вчера блескаше против шампионот на Англија

Жерар Делофеу – Човекот кој Барса го „отпиша“ вчера блескаше против шампионот на Англија

Вотфорд во вчерашниот натпревар го декласираше Челзи со убедливи 4:1, а новото засилување на домаќините посебно се истакна во овој натпревар.

Каталонецот, Жерар Делофеу оваа сезона се врати во Премиер лигата после слабата есен во матичниот клуб и вчера заблеска против актуелниот шампион на Англија.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Младиот Шпанец се врати на „Ноу Камп“ после добрите настапи во Евертон и Милан и многумина сметаа дека значително ќе го намали притисокот на Меси и Суарез.

Меѓутоа следуваа бледи изданија, а многумина го прогласија и за целосно промашување. Сето тоа резултираше со трансфер во Вотфорд, а во натпреварот против Челзи беше и играч на мечот.

Над Делофеу беше направен пеналот со кој „стршлените“ стигнаа до водство во првото полувреме, а својот одличен настапи го круниса со гол на две минути пред крајот на натпрарот.

Тренерот на Вотофрд во тие моменти го извади од игра, а целиот стадион го испрати со овации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дончиќ повторно ѕвезда на вечерта, Словенецот не знае да одигра лош натпревар (Видео)

Изминатата ноќ во НБА-лигата беа одиграни шест натпревари и главен впечаток е новата одлич…