Дома Фудбал Желбата да се помогне на Македонија победи: Пандев е во Скопје!

Желбата да се помогне на Македонија победи: Пандев е во Скопје!

Во последните неколку дена проблематична беше ситуацијата на Горан Пандев, меѓутоа драмата конечно заврши – Пандев пристигна во Скопје.

Поради големиот број случаи со коронавирус (22) Пандев беше неизвесен. Иако на повеќе теста се покажа дека е негативен на Ковид-19, сепак според редовниот протокол не смееше да ја напушти изолацијата. Сепак, на крајот неговата желба да биде во Скопје за историскиот дуел со Косово победи.

Вложените напори се исплатија, тој денес пристигна во Скопје и заедно со останатите репрезентативци ќе се спремаат за мечот во четврток кога ќе ни гостува Косово.

Ќе потсетиме, за жал Елиф Елмас беше еден од двајцата позитивни во Наполи па ќе нема можност да игра во овој дуел. На негово место селекторот Игор Ангеловски го повика Ферхан Хасани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одложени 24 натпревари од Купот на кралот по трагедијата кај Толедо

Шпанската фудбалска федерација ги одложи сите 24 средби закажани за среда навечер. Одлукат…