Оваа недела на програмата е Супер Глоуб турнирот, па поради тоа нема да се играат натпревари во ракометната Лига на шампионите.
Во ракометната европска елита возбудувањата ќе продолжат наредната среда, а големо дерби ќе се игра во четвртото коло во кое ќе се сретнат минатогодишните финалисти Барселона и Алборг.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
ЕХФ одлучи довербата за ова дерби да ја даде на македонските судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Битолските судии ќе имаат голем предизвик бидејќи дуелите помеѓу Барселона и Алборг често пати знаеле да бидат возбудливи и неизвесни.
Така беше и во финалето во Келн во кое Барселона победи со 31:30. Натпреварот е закажан за во четврток (10 октомври) со почеток од 20:45 часот.