Утре на стадионот „Фадил Вокри“ во Приштина косовскиот Балкани ќе го пречека Шкупи во реванш натпреварот од плеј-офот за место во групната фаза од Конференциската лига.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Еуфоријата во Косово е огромна, па затоа вчера за помалку од 48 часа се распродадоа 9.000 билети само во Сухарека каде што е седиштето на Балкани. Капациетот на стадионот е нешто над 12.000.




Во Косово се оптимисти дека Балкани ќе биде првата косовска екипа која обезбедила групна фаза во некое европско натпреварување.




На првиот натпревар во Скопје Балкани го победи Шкупи со 2:1.