Дома Фудбал Италија Ернандез: Бев пред трансфер во Баер Леверкузен, Малдини ме убеди да дојдам во Милан

Ернандез: Бев пред трансфер во Баер Леверкузен, Малдини ме убеди да дојдам во Милан

Тео Ернандез во 2019 година го напушти Реал Мадрид и се пресели во Милан каде што прикажува одлични настапи.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Ернандез под водство на Пиоли се промовираше како еден од најдобрите леви бекови во Серија А и Европа.

„Главниот виновник за мојот трансфер во Милан е Паоло Малдини. Бев влиску до трансфер во Баер Леверкузен, но тој ме убеди да се преслам на Сан Сиро. Дојде да ме види кога бев на одмор на Ибица. Разговаравме и веднаш почувствував дека Милан е вистинското место за мене. Ми кажа многу убави работи за мојата игра и мојот прогрес“, изјави Ернандез.

За неговите добри настапи заслугите му ги препишува на тренерот Пиоли.

„Веднаш ми кажа дека треба да играм онака како што знам. Ме ослободи и ја разбра мојата природа, добро знаеше кои се моите силни страни и не ме лимитираше. Во Милан се подобрив во дефанзива“, смета Ернандез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пеп Гвардиола изненади: Наместо Лигата на шампионите, го следеше мечот на англиската трета лига!

Додека во спектакуларно полуфинале на Лигата на шампионите, фудбалерите на Пари Сен Жермен…