Дома Фудбал Ерик Гарсија: Во Чави ги гледам Гвардиола и Енрике

Ерик Гарсија: Во Чави ги гледам Гвардиола и Енрике

После шест години во Катар, Чави се врати во Барселона која сега ја предводи како тренер.

Чави веќе имаше можност да се запознае со играчите во претходните денови, а младиот фудбалер Ерик Гарсија не ги криеше импресиите од работата со легендата на клубот.

Гарсија го спорди Чави со Пеп Гвардиола и Луис Енрике.

„Чави е вистински човек за Барселона во овој момент. Станува збор за човек кој е клупска легенда и одличен тренер. Во Чави ги гледам Пеп Гвардиола и Луис Енрике. Од самиот почеток се обидува неговиот менталитет да го пресади и на играчите“, изјави Гарсија.

Гарсија со Гвардиола имаше прилика да работи во Манчестер Сити додека во селекцијата на Шпанија соработуваше со Луис Енрике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Италија без Кин против Турција, Манчини се потпира на Скамака

Моисе Кин го напушти кампот на Италија поради повреда, а Манчини размислува да го стартува…