Дома Фудбал Англија Ерера демантира: Мојот однос со Мурињо е одличен

Ерера демантира: Мојот однос со Мурињо е одличен

erera

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Андер Ерера, негираше дека има лош однос со менаџерот Жозе Мурињо, иако по поразот од 2:1 од Хадерсфилд во неделата британските медиуми шпекулираа за спротивното.

После натпреварот со Хадерсфилд, Ерера изјави дека противникот на Јунајтед играл со поголема страст, а тоа го налути Португалецот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Медиумите пишуваа дека Ерера е во лош однос поради изјавата која ја дал на тој натпревар, но овие шпекулации денес ги негираше фудбалерот од средината на Јунајтед.

„Имаме фантастичен однос. Она што го кажав се однесуваше на првите 30 минути од натпреварот, имаа подобар став од нас, тоа сакав да го кажам. Но, после првиот половина час игра започнавме да играме подобро и блиску бевме да извлечеме нерешен резултат, а тоа воопшто не е лошо кога ќе одиграте лошо на стартот. Сакаме тоа да го заборавиме и да продолжиме понатаму, пред нас е важен натпревар против Тотенхем и ќе се обидеме да победиме“, изјави Ерера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…