Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Енрике ги призна грешките: Сарабија заслужи поголема минутажа, а еден фудбалер сега не би го повикал

Енрике ги призна грешките: Сарабија заслужи поголема минутажа, а еден фудбалер сега не би го повикал

Луис Енрике си замина од клупата на Шпанија по елиминацијата од Мароко на Светското првенство во Катар.

Шпанија во Катар пристигна со една млада селекција, а после стартната победа од 7:0 против Костарика голем дел од спортската јавност ги смести помеѓу првите фаворит. Сепак, Шпанците во следните натпревари не беа на тоа ниво.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новинарите сега го запрашаа дали нешто би променил, а Енрике беше искрен и истакна дека од денешната гледна точка еден фудбалер кој бил повикан, не би го повикал повторно.

„Се обидов на мундијалот да ги однесам најдобрите и оние кои сметав дека се вклопуваат во моите идеи. Најголемиот дел од фудбалерите на листата добија зелено светло од целиот мој персонал. Кога сега би можел да променам нешто, еден фудбалер не би повикал, и на негово место ќе вметнам друг. Нема да откривам име, но еден фудбалер ме разочара, не ми се допадна тоа што го видов“.

Призна и дека Пабло Сарабија заслужил поголема минутажа.

„Пабло Сарабија заслужи поголема минутажа, а не само тие пет минути против Мароко. Од денешна гледна точка, би го пуштил од првата минута. Не сум од оние кои се каат, веројатно повторно ќе загубевме од Мароко, но од она што го покажа на тренинзите, заслужи да игра многу повеќе“, истакна Енрике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…