Дома Фудбал Енигма за Барселона: Димитриевски е чудо какво што Шпанија не памети!

Енигма за Барселона: Димитриевски е чудо какво што Шпанија не памети!

Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски влезе во историјата откако трет натпревар по ред против Барселона не прими гол, а вторпат на „Камп Ноу“.

Димитриевски минатата сезона остана двапати несовладан против Барселона во победите со по 1:0, одбрани и пенал на Мемфис Депај. Во вчерашниот натпревар македонскиот голман имаше шест одбрани во ремито 0:0.

Вкупно во три натпревари Димитриевски има 100% ефект на одбрани против Барса со десет одбранети удари. Исто така стана само четвртиот голман во историјата кој успеал на две гостувања на „Камп Ноу“ да остане несовладан, такво нешто не се случило цели 50 години.

Пред Димитриевски двапати по ред несовладани на „Камп Ноу“ останале само Еснаола со Реал Мадрид во 1967/68 и 1868/69, легендарниот Ирибар со Атлетик Билбао во 1970/71 и 1971/72 и Дуесто со Малага во 1971/72 и 1972/73.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шест победи во Баку за Македонија У15, повредите го скратија изборот на Станковски

Македонската генерација 2011 заврши со шест победи на десет средби во форматот 7+1. По иск…