Дома Фудбал Емотивна објава на Роналдо: Постојат моменти кога и фудбалот е во втор план

Емотивна објава на Роналдо: Постојат моменти кога и фудбалот е во втор план

Кристиано Роналдо на друштвените мреж објави порака посветена на Сораја Семедо, сопругата на неговиот голем пријател Жозе Семедо.

Таа изненадувачки почина во текот на минатата недела и тоа беше тежок момент и за Роналдо и неговото семејство, затоа што се работеше за негов близок пријател.

„Постојат моменти кога се паѓа во втор план, па и фудбалот. Минатата недела нас неочекувано не напушти една фантастична личност, нашата Драга Сораиа, прекрасна мајка и сопруга на еден од најдобрите пријатели кои ги имам. Ништо не може да ја надополни болката на мојот брат Семедо и неговото семејство, но во ова сме заедно, денес и секогаш. Почивај во мир драга пријателке, нема да бидеш заборавена“, напиша Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еден удар, гол и четвртфинале: Нкетија го реши Фулам

Кристал Палас славеше со 1-0 на „Крејвен Котиџ“, а покрај стрелецот Нкетија, клучен беше и…