Дома Трансфер зона Емери ја засилува одбраната: Бек од Јувентус, стопер од Борусија Дортмунд

Емери ја засилува одбраната: Бек од Јувентус, стопер од Борусија Дортмунд

Новиот тренер на Арсенал, Унаи Емери е одлучен во тоа да ја засили одбраната со искусни играчи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најболна точка на Арсенал е одбраната, па Емери токму тука ќе се обиде да се засили.

Британските медиуми објавија дека Арсенал е блиску до договор и ангажман на дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Сократис Папастопопулос.

Договорот на грчкиот репрезентативец му истекува за една година и Арсенал за него би требало да плати оштета од околу 18 милиони евра.

Да потсетиме, од Арсенал неодамна го најавија и доаѓањето на Швајцарецот од Јувентус Стефан Лихштајнер (десен бек) на кого ова лето му истекува договорот со Јувентус.

После Обамејанг и Михтаријан, грчкиот стопер Папастопопулос ќе биде третиот играч на „милионерите“ кој ќе се придружи на Арсенал од кога минатата година на „Емирати“ пристигна поранешниот главен скаут на Борусија Дортмунд, Свен Мислинтат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…