Дома Топ вести Европските гиганти се „тепаат“ за ѕвездата на Андерлехт

Европските гиганти се „тепаат“ за ѕвездата на Андерлехт

Играчот од средниот ред на Андерлехт Самби Локонга е новата белгиска ѕвезда која го привлече вниманието на европските гиганти.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


21-годишниот играч за врска може да игра на сите позиции во средниот ред и веќе дебитираше за белгиската репрезентација.

Оваа сезона настапи на 31 меча за Андерлехт на кои постигна 3 гола и запиша 3 асистенции, а скаутите на многу европски гиганти го следат веќе подолго време.

За него интерес покажуваат Милан, Манчестер Сити, Арсенал, Лајпциг, Севиља и Баерн Минхен, па на лето се очекува голема битка за неговиот потпис.

Андерлехт потврди дека е спремен да го пушти Локонга, а за неговата слобода бара 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…