Дома Трансфер зона Европските гиганти се „тепаат“ за турски репрезентативец

Европските гиганти се „тепаат“ за турски репрезентативец

Турскиот репрезентативец и член на Бешикташ, Огузан Озјакуп на крајот на сезоната ќе биде слободен агент, па многу клубови од Премиер лигата и Серија А се борат за неговиот потпис.

Озјакуп професионалната кариера ја започна во редовите на Арсенал, но не успеа да се наметне кај Венгер па во 2012 година беше продаден на Бешикташ за 500.000 евра.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Играчот за врска прерасна во столб на екипата од Истанбул која изминатите две години ја освојуваше титулата во Турција и со тоа го привлече вниманието на многу европски клубови.

25-годишниот Озјакуп на лето ќе биде слободен агент, па поради тоа е уште попривлечен за европските клубови. За него силен интерес покажуваат Милан и Лацио од Серија А како и премиерлигашите Тотенхем, Вест Хем и Евертон.

Турскиот репрезентативец на лето ќе биде на „слатки маки“ во кој од овие европски клубови да ја продолжи кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…