Дома Фудбал Италија Евра заминува од Јуве: Веќе го избра новиот клуб!

Евра заминува од Јуве: Веќе го избра новиот клуб!

35-годишниот француски интернационалец Патрис Евра ќе го напушти Јувентус и кариерата ќе ја продолжи во Олимпик Марсеј, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Евра веќе неколку денели размислува за својата иднина, а во меѓувреме доби понуди од Валенсија, Лион и Кристал Палас.

Договорот на Евра со Јувентус истекува на крајот на сезоната, па „бјанконерите“ се спремни да го пуштат без обештетување, а последните информации говорат дека левиот бек веќе се договорил со Марсеј.

Денес треба да биде формализиран договорот и после лекарските прегледи Евра ќе потпише 18-месечна соработка со францускиот клуб.

Пред Јувентус Евра има настапувано уште во Манчестер Јунајтед, Монако, Ница и Монца, а беше стандарден француски репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Официјално: Мартин Демикелис стана тренер на Лајпциг

Мартин Демикелис е назначен за главен тренер на РБ Лајпциг, објави прес-службата на клубот…