Дома Фудбал Останато Друг излез и немаше: Роналдо ја призна вината и прифати условна затворска казна!

Друг излез и немаше: Роналдо ја призна вината и прифати условна затворска казна!

Кристиано Роналдо се погоди со шпанскиот суд и обвинителството и се согласи на условна казна од две години затвор како разрешница за обвиниението поради затајување на данок на приходи од права на фотографии во периодот од 2011 до 2014 година.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Наместо затвор, Роналдо ќе мора да плати 18,8 милиони евра. Но, над глава му виси затвор ако во наредните две години направи ист или сличен прекршок.

Потсетуваме, Роналдо претходно се обиде да се погоди со шпанското обвинителство и понуди 14 милиони евра за признавање на вината, но тој предлог беше одбиен, а денес шпанското обвинителство омекна, па Португалецот ја зголеми понудата за 4,8 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Еве како Жозе Мурињо реагираше на повторниот избор на Перез во Реал Мадрид

Флорентино Перез, како што се очекуваше, ги освои претседателските избори и ќе остане на ч…