Дома Луд Спорт Драма на Светско првенство: Американска пливачка спасена од давење во последен момент🎥

Драма на Светско првенство: Американска пливачка спасена од давење во последен момент🎥

Драма на Светското првенство во пливање во Будимпешта, откако американската пливачка Анита Алварез се онесвестила за време на настапот и потонала на дното на базенот.

Само благодарение на брзата реакција беше избегната големата трагедија и загуба на еден млад живот.

Нејзиниот тренер Андреа Фуентес ја извади Алварез на површината, по што беше ставена на носилки. Американскиот тим соопшти дека Алварез сега е добро.

Алварез се онесвести и по својата изведба на олимписките квалификации во Барселона минатата година, кога исто така и беше дадена помош на самото место.

Пливачката, која беше прогласена за спортистка на годината во синхронизирано пливање во САД во 2016 и 2019 година, се бореше за медал на третото Светско првенство, но заврши на седмото место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Ништо од бронза: Македонија поразена од Србија

Србија славеше со 34-29 против Македонија во битката за бронзен медал на Медитеранските иг…