Дома Останати Ракомет Драма на дербито кое го судеа Начевски и Николов: Абеља во последни секунди донесе победа на Шпанија!

Драма на дербито кое го судеа Начевски и Николов: Абеља во последни секунди донесе победа на Шпанија!

Шпанија и Норвешка одиграа одличен натпревар во 2. коло на ракометниот турнир на Олимписките игри.

Дербито на крајот им припадна на Шпанците кои победија со удар од седум метри.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Норвешка доминираше во првото полувреме и поведе со 1:5, па 2:6. Шпанија имаше проблем со пробивањето на противничката одбрана на стартот, сепак успеаа да се вратат во игра до крајот на полувремето и на пауза се замина со 13:14.

Вториот дел донесе нови возбудвања, во 39. минута Шпанија за првпат стигна до водство од 19:17. Во тие моменти одличен беше Коралес.

Кон средината на второто полувреме Норвешка дојде до изедначување на 21:21. Потоа следуваа три гола на Фернандез и нови добри минути на Коралес, па Шпанија дојде до 25:22. Норвешка не се откажа, па во последните моменти гледавме вистинска драма.

На 30 секунди до крајот Јондал изедначи од седум метри на 27:27, меѓутоа во последните моменти и Шпанците добија пенал. Го реализираше Абеља за конечни 28:27.

Треба да споменеме дека овој натпревар го судеа македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар слави 65. роденден, претстави ново лого! (Фото)

Екипатна Вардар 1961 годинава одбележува значаен јубилеј – 65 години постоење. По тој пово…