Дома Моторспорт Доминација: Маркез со 10-та победа по ред во Германија

Доминација: Маркез со 10-та победа по ред во Германија

Марк Маркез заокружи една декада доминација на ГН на Германија, откако попладнево се радуваше на 10-та победа во низа во Заксенринг.

Шпанецот лесно стигна до триумф во Заксенринг а неговите ривали за титулата се мачеа.

Втор на целта беше Маверик Виналес од Јамаха, додека со третото место се задоволи Кал Крачлоу од Хонда.

Легендата Валентино Роси трката ја заврши на осмото место со 11 секунди заостанување зад Маркез, кој со оваа победа освои уште 25 поени и го зацврсти првото место на генералниот пласман пред Довициозо, кој денеска се пласираше на петтото место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Штип пред домашно деби во ЛШ: Орион доаѓа со три сета предност

Штип УГД вечерва од 18 часот го пречекува Орион Старс во квалификацискиот реванш. Македонс…