Дома Фудбал Докторот за трансфери е и фудбалски доктор – Фабрицио Романо „убива“ на теренот

Докторот за трансфери е и фудбалски доктор – Фабрицио Романо „убива“ на теренот

Италијанецот Фабрицио Романо е познат како најголемиот трансфер гуру во светот на фудбалот.

Она што овој 30-годишник го најавува со познатото ‘Here We Go’ во повеќето случаи се остварува, а сега и самиот покажа дека знае добро да се справи со топката.

Фабрицио Романо е вистински доктор за трансфери. Италијанскиот новинар едвај спие кога има трансфер рокови и носи навистина огромна количина на информации.

Неговото познато ‘Here We Go’ во повеќето случаи значи дека работата е завршена и само се чека официјализирање на зделките.

Романо ги користи ретките моменти на одмор и самиот да игра фудбал. Имаше и видео од Фабрицио како игра фудбал со своите пријатели во раните утрински часови, а очигледно е дека одлично се справува со топката.

На видеото кое се појави, италијанскиот новинар постигна два навистина одлични гола и многумина се шегуваат дека наскоро би можел да си ја напише својата позната реченица.

Погледнете какви вештини изведува Фабрицио Романо на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо пред Тотенхем: Со срце, но и со ладна глава во дербито!

Челси брка седма последователна лигашка победа над Тотенхем, а Чаби Алонсо бара контрола н…