Во последното коло од групата „Б“ на италијанското првенство Италија ремизираше со Хрватска која сега има само теоретски шанси за пласман во осминафиналето бидејќи многу резултати треба да се поклопат.
По натпреварот внимание привлече италијанскиот новинар, Франческо Репис кој побара од Модриќ никогаш да не се пензионира.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Како италијански новинар сакам да ти се заблагодарам, не само за тоа што покажа вечерва, туку за се во твојата кариера. Даде гол откако промаши пенал. Сакам да те замолам никогаш да не се пензионираш, ти си еден од најдобрите кои сум ги гледал и коментирал. Ти благодарам“, гласеше пораката од новинарот.
Модриќ беше трогнат од зборовите на Италијанецот.
„Ти благодарам на убавите зборови. Би играл и јас засекогаш, но ќе дојде време когаќ е морам да ги закачам копачките. Засега ќе продолжам, не знам до кога ќе бидам во можност“, одговори Модриќ.
This was a truly beautiful moment in the post-match press conference ❤️#BBCEuros #Euro2024 #CROITA pic.twitter.com/K8VowAgm7m
— BBC Sport (@BBCSport) June 24, 2024