Дома Фудбал Добри вести за Чави и Барселона

Добри вести за Чави и Барселона

Педри и Сержи Роберто се поблиску до враќање на терените откако двајцата денес почнаа со целосни тренинзи.

Двајцата се рехабилитираа од повредата и најверојатно новиот тренер Чави ќе може да смета на нив на мечот против Еспањол.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Педри оваа сезона има само два меча во Примера, додека Сержи Роберто ги пропушти последните три меча поради повреда.

Ова е одлична вест за Чави кој се соочува со големи проблеми поради повредени фудбалери. Надвор од тренажен процес во моментов се напаѓачите Агуеро и Брајтвајт, како и Ансу Фати кој се повреди против Селта.

Пике, Ерик Гарсија, Дест, Нето и Нико Гонсалес би требало да се рехабилитираат и да бидат спремни после репрезентативната пауза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ не успеа да го демонтира Ливерпул во Париз, но веќе гледа кон полуфиналето

Актуелниот носител на трофејот во Лигата на шампионите Пари Сен Жермен го надмина категори…