Дома Трансфер зона Добри вести за Барселона пристигнуваат од Кина

Добри вести за Барселона пристигнуваат од Кина

Чави Ернандес со душа го чека јануарскиот преоден рок за да реши некои проблеми во тимот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пред се Чави сака да донесе засилување во нападот, бидејќи е јасно дека нема да може да смета на Серхио Агуеро.

Шпански „АС“ пишува дека Барселона во следните денови ќе потпише договор со Седрик Бакамбу, кој во минатото играше за Виљареал, по што беше продаден во Пекинг Гуан за 40 милиони евра.

Бакамбу во Кина постигна 58 голови на 87 натпревари, а сега е желба на Каталонците откако Серхио Агуеро мораше да ја заврши кариерата поради проблеми со срцето.

Бакамбу за две ипол сезони во редовите на „жолтата подморница“ постигна 32 гола во Ла Лига и би можел да биде солидно решение за нападот на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…